[ФОТО] Диого Жота се оженил само 11 дена пред да загине: Последната објава на сопругата ги крши срцата

Точка

03/07/2025

14:11

5.194

Големина на фонт

а а а

Португалскиот фудбалер Диого Жота, напаѓачот на Ливерпул, загина во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора. 28-годишниот Португалец бил таму на одмор и меден месец со својата сопруга Руте Кардозо.

Објавата на сопругата ги крши срцата

Само 11 дена пред неговата трагична смрт, фудбалерот се оженил со својата долгогодишна партнерка Руте Кардозо на 22 јуни. Свадбата, одржана во Португалија, беше круна на нивната долгогодишна љубов што започнала во средношколските денови, а Руте токму синоќа објавила емотивна снимка од нивната свадба.


Двојката се запознала во средно училиште во Португалија и се забавувале од 2012 година, пред Жота да ја запроси во јули 2022 година.


Споделувајќи фотографии од нивната свадба на социјалните мрежи, под објавата двајцата напишаа: „22 јуни 2025 година. Да, засекогаш“.


Инаку двојката поминала низ многу предизвици заедно, а за време на нивната врска добиле три деца, синовите Денис и Дуарте, и ќерката родена во 2024 година.

Веста за смртта ги шокираше фановите

Жота трагично загина во сообраќајната несреќа со неговиот помлад брат Андре кога автомобилот што го управувал излетал од патот и се запалил.


Несреќата се случи на 3 јули 2025 година во шпанскиот регион Замора. Веста за неговата смрт го шокираше спортскиот свет и обожавателите. Жота зад себе остави сопруга, три мали деца и богата фудбалска кариера.