Сабаленка му испрати искрен совет на Зверев за проблемите со менталното здравје

Дерби

03/07/2025

11:22

795

Големина на фонт

а а а

Александар Зверев отворено проговори за своите ментални проблеми и нагласи дека се чувствува испразнето и без емоции по поразот во првото коло на Вимблдон, неуспех по кој исто така посочи дека неговите проблеми не произлегуваат од тенискиот терен.

Германскиот тенисер ја шокираше јавноста со својата изјава и најави дека во блиска иднина може да побара професионална помош од психолог, став за кој доби огромна поддршка од тениското опкружување.

Саша во текот на вчерашниот ден доби позитивни зборови од голем број колеги и колешки, а најмногу се издвои пораката на Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во овој момент.

– Според мене, Саша треба да им се отвори на совите најблиски, на луѓето кои секој ден се со него. Тоа се луѓе кои можат да го прифатат и да го согледаат тоа што му се случува.

– Во моментот кога почнувате да ги споделувате своите проблеми, почнувате да сфаќате голем број работи. Тоа помага за решавање на проблемите. Ако ги чуваш во себе, можеш само да се уништиш, – вели Сабаленка и додава.

– Тенисот е спорт во кој има голем притисок и голема тензија, јас цело време зборувам за проблемите со мојот тим. Го советувам Саша да го проба истото, – изјави Сабаленка.