Роналдо со срцепарателна порака се прости од Жота

Дерби

03/07/2025

13:40

732

Големина на фонт

а а а

Големите фудбалски ѕвезди се доста погодени од немилата вест која рано утрово пристигна од Шпанија, а имун на големата трагедија не остана и португалскиот капитен, Кристијано Роналдо.

Прераната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре ја зави во црно цела португалска спортска сцена, па Роналдо како капитен со прости со својот соиграч со сцрепарателна порака.

Еден месец по заедничкото славје во Лигата на нации, Роналдо беше приморан да испрати последен поздрав до својот соиграч, и тоа 11 дена по венчавката со неговата избраничка која му роди три деца.

– Ова нема смисла. Токму сега кога бевме во националниот тим, токму во моментите кога се венчаше. На твоето семејство, на твојата сопруга, на твоите деца испраќам сочувство и ја пренесувам целата сила на светот.

– Знам дека секогаш ќе бидете со нив. Почивајте во мир Диого и Андре, на сите неизмерно ќе ни недостасувате, – објави Роналдо.