[ФОТО] Која е Руте Кардозо – најголемата љубов на Жота уште од училишната клупа: Се запознале на 13 години, била неговата потпора и сила

Точка

03/07/2025

14:36

1.486

Големина на фонт

а а а

Славниот португалски фудбалер Диого Жота загина во сообраќајна несреќа во Шпанија, а зад себе ја остави сопругата Руте Кардозо и три деца.

Каква тага, каква трагедија… Диого Жота настрада во сообраќајна несреќа, а заедно со него во автомобилот животот го загуби и неговиот брат Андре Силва, кој беше член на португалскиот Пенафиел.

Браќата Жота загинале во сообраќајната несреќа за време на одмор во Шпанија, во ноќта меѓу среда и четврток, половина час по полноќ. Нивното возило, според првичните информации, излетало од патот, по што се запалило додека браќата биле внатре, а огнот наскоро ја зафатил и околната вегетација. И двајцата починале на лице место.

За трагедијата да биде уште поголема, Жота се оженил пред само 10 дена, поточно на 22 јуни, со својата долгогодишна партнерка Руте Кардозо, со која имал и три деца.


Затоа неговата последна објава ги крши срцата – пред 18 часа објавил видео на кое е заедно со сопругата, а под него стоело: „ден кој никогаш нема да го заборавам“.

Така, Руте Кардозо, по неполни две недели од судбоносното „да“, остана без љубовта на својот живот. Руте и Диого се запознале уште како тинејџери во Порто, кога имале само 13 години.

Нивната љубов, која траеше повеќе од една деценија, беше исполнета со поддршка и заеднички соништа. Руте беше покрај Диого уште од неговите први чекори на фудбалските терени во пониските лиги, па сè до неговите настапи на најголемите стадиони и под светлата на светската сцена.


Конечно, љубовта ја крунисаа со брак на 22 јуни, на интимна церемонија во Португалија, а на фотографиите љубовта на Жота од училишната клупа напиша: „Мојот сон се оствари, јас сум среќничка.“

Жота зад себе остави и три деца — првиот син, Денис, е роден во 2021 година, вториот се вика Дуарте, а името на ќеркичката родена во 2024 не е јавно објавено. Јасно беше колку славниот фудбалер беше посветен на своето семејство, кое му беше центар на светот.


Руте не му беше само сопруга, туку и најдобар пријател и најголема поддршка, а заедно беа пример за вистинска љубов.