Легендарниот Уругваец ќе се пензионира

Макфакс

03/07/2025

15:25

240

Големина на фонт

а а а

Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами.

Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата феноменална кариера по завршувањето на соработката. Суарез има 39 години и во последните неколку сезони има проблеми со коленото, што му отежнува да игра натпревари секоја недела.

Суарез би сакал да се збогува со Интер со освојување на титулата. Тој моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 34 гола, а првиот е Лионел Меси со 50.

Пред неколку недели, Суарез го објави новиот уругвајски клуб што го формираше заедно со Аргентинецот. Гласините сугерираат дека уругвајскиот напаѓач би можел целосно да се посвети на проектот, особено ако се пензионира.

Интер планира да стане поамбициозен во следните неколку месеци, бидејќи Светското клупско првенство покажа дека тимот не не конкурентен против некои од најдобрите тимови во светот.

Клубот е фокусиран Меси, односно да го убеди да остане, а потоа се засили со врвни играчи за да создадат конкурентен тим. Според најновите извештаи, Суарез не е дел од плановите.