Софија Вергара е уште една во низата јавни личности кои решиле да се впуштат во претприемачки води.
Славната актерка го лансирала својот бренд за козметика, „Toty Collection“, во соработка со „Cantabria Labs“, а ја одржа својата прва презентација во Мадрид и секако привлече големо вниманието.
Секогаш гламурозна и духовита, Вергара знае како да изненади. Иако неодамна позираше гола во када и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, овој пат беше одмерена и елегантна, но и тоа е доволно кога станува збор за неа.
За својата прва промоција, Софија избра подолг фустан со цветни мотиви, кој го комбинираше со високи сандали во неутрална беж нијанса.
Секако, деколтето повторно беше во центарот на вниманието, па што и да направи, секогаш повеќе ќе се зборува за тоа.
Нејзината стандардна фризура, пуштена коса како и неутрална шминка, само го надополнија изгледот за кој ќе се зборува долго време.
Вергара ги поместува границите на секој чекор, а иако е свесна за својот изглед, се обидува да привлече внимание на поинаков начин. Таа е една од најдуховитите жени во Холивуд и тоа е уште една причина поради која има многу обожаватели.