[ВИДЕО/ФОТО] Непребол: Невеш експресно се врати од САД за да го носи ковчегот на трагично загинатиот Жота

Дерби

05/07/2025

15:05

3.870

Големина на фонт

а а а

Солзите на Рубен Невеш и Жоао Кансело на вчерашниот натпревар меѓу Ал Хилал и Флуминенсе не остави никого рамнодушен во светската спортска јавност, но неполни 15 часа подоцна, еден од нив се врати во Португалија, или поточно во градот Гондомар каде попладнево беа погребани браќата Диого Жота и Андре Силва.

Невеш како најблизок пријател на Диого од фудбалската кариера со посебни емоции го играше вчерашниот меч на клупскиот мундијал, но веќе денеска беше во Гондомар за да го носи ковчегот на својот починат пријател на кого му оддаде последна почит.

Играчот за врска беше само еден од многубројната фудбалската елита која денеска се појави во Гондомар, а посебно внимание привлече и експедицијата на Ливерпул.

Голем број соиграчи на Жота се појавија на погребот на двајцата браќа, при што вирална стана и фотографијата од венците кои ги положија Ван Дајк и Робертсон.

Венците во фигура на фудбалски дресови на себе ги имаа бројките 20 и 30, оние кои Диого и Андре ги носеа во своите клубови Ливерпул и Пенафиел.