[ФОТО] Екстремните горештини остават последици: Се појавиле необични морски организми

Точка

07/07/2025

17:00

1.253

Големина на фонт

а а а

Проблемите започнале кога температурата на морето нагло се зголемила.

Необични морски животни неодамна се појавиле на плажата Симафор во Австралија, што експертите го поврзуваат со екстремна топлина и масовно размножување на алгите во морето.


Локалниот жител Сигор фотографирал големи риби со необична форма и други морски организми, вклучувајќи и морски еж, кој одненадеж се појавил на брегот, пренесе Експрес.


Климатските промени влијаат и на морските организми

Причината за овој феномен е ненадејниот раст на алгите, познат како „цветање на алгите“, што се случува кога температурата на морето значително се зголемува за време на топлотни бранови. Потоплата вода создава идеални услови за брзо размножување на алгите, а овој процес може да произведе токсична пена на површината на морето. Оваа пена не е само штетна за морските животни, туку може да предизвика иритација кај луѓето што живеат покрај брегот.


Првите смртни случаи на морски организми биле регистрирани на јужниот брег, во областите Виктор Харбур и Гулва, каде што брановите се претворале во бело-зелена пена и предизвикале непријатност и иритација на грлото кај капачите. Оттогаш, ситуацијата се влошувала, а по секоја бура, на плажите се појавуваат сè поголем број мртви морски животни.


Иако температурите неодамна се намалиле, алгите продолжуваат да се шират долж јужниот брег на Јужна Австралија и стигнале до Аделејд и околните предградија. Овој феномен ги загрижува научниците и локалното население бидејќи долгорочно го загрозува морскиот екосистем и квалитетот на водата во областа.