Еве колку заработува Меси во МЛС: Интер му нуди нов договор

Точка

08/07/2025

10:52

762

Големина на фонт

а а а

Управата на Интер од Мајами преговара со Лионел Меси (38) за нов договор, со кој аргентинскиот фудбалер би останал на Флорида најмалку уште една сезона, објавија американските медиуми.

Лионел Меси пристигна во Интер во јули 2023 година од ПСЖ како слободен играч. Тој е далеку најплатениот фудбалер во МЛС лигата со годишна заработка од 19 милиони евра, а неговиот актуелен договор истекува на крајот од оваа година.


Меси досега одиграл 64 натпревари за клубот од Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, постигнал 52 голови и забележал 25 асистенции во различни натпреварувања.


Најплатен играч

„Мојот сон е Меси да го отвори нашиот нов стадион. Сакам кариерата да ја заврши токму во нашиот клуб и се надевам дека наскоро ќе можеме да им ја соопштиме добрата вест на нашите навивачи. Оптимист сум, бидејќи направивме сè за Лео да се чувствува како дома“, изјави еден од сопствениците на Интер Мајами, Хорхе Мас.


Новиот стадион „Miami Freedom Park“ треба да биде отворен на почетокот на следната година. Во моментов, Интер ги игра своите домашни натпревари на „Чејс Стадиум“ во Форт Лодердејл.