Шокантни слики од Тур де Франс: Навивачи со овој потег предизвикаа голем бес!

Точка

07/07/2025

17:36

959

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Тур де Франс направија срамен потег за време на втората етапа на најголемата велосипедска трка, само за да добијат подобар поглед на омилените велосипедисти кои минуваа пред нив.

Имено, додека етапата се возеше низ Булоњ-сир-Мер, дел од навивачите се искачија на надгробни споменици во близина на патеката, предизвикувајќи шок и згрозеност кај љубителите на велосипедизмот ширум светот.

Овој чин беше остро осуден на социјалните мрежи, каде многумина го оценија како сериозен недостаток на почит кон починатите и неприфатливо однесување.

Инаку, во трката, Матијас ван дер Пол успеа да го надмине Тадеј Погачар во самиот финиш и ја презеде жолтата маичка за лидер во вкупниот пласман.

Ван дер Пол сега води со четири секунди предност пред Погачар, додека Јонас Вингегард е на третата позиција со заостанување од шест секунди.

Денеска се вози третата етапа, долга 178,3 километри, од Валенсиен до Денкерк.