Реал Мадрид и ПСЖ утре ја играат својата полуфинална пресметка на Светското клупско првенство, натпревар на кој веќе добро познато е дека нема да гледаме тројца актери поради суспензија.
Пачо и Лукас Ернандес од ПСЖ заработија директни црвени картони против Баерн Минхен, додека истото се случи и со Дин Хаусен во финишот од мечот со Борусија Дортмунд, што автоматски значеше дека самите се прецртаа за големото европско дерби.
Сепак, на еден ден пред одигрувањето на средбата, ФИФА излезе со соопштение за казните кои ги заработуваат тројцата фудбалери, а вестите се доста полоши за ПСЖ.
Поради тоа што стартовите се окарактеризирани како груби потези, Пачо и Лукас заработија суспензии од два меча и не би можеле да играат во финалето доколку ПСЖ го победи Реал, додека вестите се подобри за „кралскиот клуб“.
Хаусен доби казна од еден натпревар, па ако Реал мине и обезбеди место во финалето, шпанскиот репрезентативец ќе може да се врати во стартната постава на Чаби Алонсо.