Страшно невреме во Сплит го уништи горниот дел на стадионот „Пољуд“

Дерби

08/07/2025

13:17

391

Големина на фонт

а а а

Фудбалската инфраструктура во Хрватска не е идеална и тоа е проблем кој се провлекува со децении наназад, а тоа важи и за најпознатите стадиони во оваа земја кои веќе се исклучително стари како „Пољуд“ и „Максимир“.

Големото невреме кое ова утро го зафатил регионот на Сплит за жал направил огромна штета врз горната конструкција од стадионот на Хајдук, па така набрзо после настанатата штета, гласноговорникот на клубот најави дека ќе се побара помош и од градот за да се санираат штетите.

Силната бура во Сплит предизвикала корнење на дрва и сообраќајни знаци, како и откорнување на горниот дел од материјалот на спојот на јужната и западната трибина на „Пољуд“.

– За жал, имаме големи оштетувања на покривот каде е спојот на јужната и западната трибина, откако целосно ќе заврши бурата, ќе ангажираме алпинисти за целосно да ја утврдиме големината на штетата.

– Ситуацијата е лоша во прв момент, има големи оштетувања и на тревникот кој неодамна го сменивме и кој беше во чувствителна фаза. Поплавени се и неколку канцелариски простории во стадионот, како и прес-центарот, – гласи изјавата на портпаролот на клубот, Божо Павковиќ.