Ред Бул го шутна Хорнер една година по скандалот за недолично однесување!

Дерби

09/07/2025

12:21

610

Големина на фонт

а а а

Ред Бул Рејсинг ова претпладне официјално ја информираше јавнсота дека после две децении е завршена соработката со најважниот човек во тимот, а врачениот отказ за Кристијан Хорнер пристигнува една година по скандалот кој изби во Милтон Кејнс.

Хорнер пред нешто повеќе од 12 месеци беше обвинет за недолично однесување од страна на женски вработени во корпорацијата Ред Бул, па иако уште тогаш гласно се бараше негово разрешување, истото доаѓа една година подоцна.

Ред Бул во прв момент не откри детали за разделбата која доаѓа по трката за Големата награда на Британија, но извршниот директор Оливер Минтцлаф не пропушти шанса да му се заблагодари на Хорнер за сите спортски успеси кои ги оствари како тимски шеф на Ред Бул.

Британецот е еден од најуспешните во историјата на Формула 1, бидејќи покрај шесте конструктурски титули, како предводник на Ред Бул ги водеше Себастијан Фетел и Макс Ферстапен до вкупно осум шампионски титули.

– Сакаме да му се заблагодариме на Кристијан Хорнер за неговата исклучителна работа во последните 20 години. Со својата неуморна посветеност, искуство, експертиза и иновативно размислување, тој одигра клучна улога во етаблирањето на Ред Бул Рејсинг како еден од најуспешните и најатрактивните тимови во Формула 1.

– Ти благодарам за сè Кристијан, и засекогаш ќе останеш важен дел од историјата на нашиот тим, – гласи изјавата на Минтцлаф.