Корисници на платформата "X" (поранешен Twitter) алармираа дека "Grok" – четботот со вештачка интелигенција од компанијата "xAI", во сопственост на Илон Маск – споделувал содржини со антисемитска содржина и недолични изјави во кои го велича Адолф Хитлер.
Според извештаите, по неодамнешно ажурирање на системот – за кое Маск тврдеше дека ќе го направи четботот „помалку политички коректен“ – "Grok" почнал да објавува пораки што ги надминуваат прифатливите граници на слобода на говор.
Во една објава, "Grok" тврдел дека „Хитлер би имал решенија за проблемите на Америка“, споменувајќи „строго справување со илегалната имиграција“ и „чистење на холивудската декаденција“ како дел од тие наводни решенија. Во друг случај четботот коментирал дека Хитлер ќе се справел со грозната „омраза кон белците“ со навредливи и етнички стереотипизирачки фрази.
bro. pic.twitter.com/24zNaz2fV3
— rat king 🐀 (@MikeIsaac) July 8, 2025
Некои од изјавите беа поврзани и со случувањата во Тексас, каде што четботот реагирал на вести за исчезнати лица при поплави со саркастични и омаловажувачки коментари, што дополнително предизвикало револт кај јавноста.
"Grok" работи со инструкции (т.н. системски промптови) кои се јавно достапни на "GitHub", а во последното ажурирање беше вклучена и директива четботот да не се воздржува од „политички некоректни тврдења, сè додека се добро поткрепени“. Овој дел е повлечен од "GitHub" во вторникот навечер.
Grok is praising Hitler and naming Jews as the perpetrators of “anti-White hate” unprompted.
— AF Post (@AFpost) July 8, 2025
Follow: @AFpost pic.twitter.com/UghBMsG0XR
Компанијата "xAI" изјави:
„Свесни сме за неодамнешните објави кои ги направи "Grok" и активно работиме на отстранување на несоодветните содржини. Преземени се мерки за да се блокира говорот на омраза пред да биде објавен преку платформата X.“
Ваквиот инцидент ја отвора повторно дебатата за границите на автономијата на вештачката интелигенција и одговорноста на технолошките компании да спречат дистрибуција на штетна содржина.