Во зависност од тоа каде се наоѓа Месечината и какви се атмосферските услови, месечевата светлина може да има различна „боја“.
Месечината отсекогаш имала посебно место во животот на луѓето. Според неа се мереле промените во природата, се вршеле жетви и сеење, а светлината од полната месечина со векови им овозможувала на луѓето да патуваат и навечер.
Но, ако подобро погледнете во Месечината, ќе забележите дека таа не изгледа исто во текот на целата година. Со оглед на тоа што Месечината сама по себе не произведува светлина, се поставува прашањето – каква е нејзината вистинска боја и зошто понекогаш ни изгледа различно, барем од наша перспектива на Земјата.
Научничката Кристин Шупла за "Live Science" објаснува дека Месечината не свети сама по себе, туку ја рефлектира белата светлина од Сонцето.
Во зависност од тоа колку од таа рефлектирана светлина стигнува до Земјата, зависи и „бојата“ што ја гледаме. Земени примероци од почвата и карпите на Месечината откриваат дека нејзината површина најчесто е покриена со светлосива карпа наречена анортозит, додека потемните региони се составени од базалт.
Сивата карпа ја апсорбира енергијата, одземајќи мали делови од секој дел од спектарот и во најголем дел ја рефлектира светлината кон Земјата – вели Шупла, додавајќи дека токму тоа ѝ го дава на Месечината нејзиниот типичен сивкасто-бел изглед.
Сепак, различни атмосферски и астрономски феномени можат да ги ограничат брановите должини што стигнуваат до Земјата.
Процесите на расејување на светлината во земјината атмосфера се клучни за тоа како ја перципираме бојата на Месечината, објаснува Евелин Хесе, истражувач на атмосферска оптика на Универзитетот во Хартфордшир, Велика Британија.
Бидејќи месечината има релативно краток пат низ атмосферата, ефектот на расејување во тој случај е занемарлив, па поголемиот дел од рефлектираната светлина пристигнува до површината. Но, колку што е Месечината поблиску до хоризонтот, светлината мора да патува под поголем агол и да помине низ подолг слој атмосфера – што им овозможува на молекулите кислород и азот да влијаат врз доаѓањето на светлината.
Така, месечината првично содржи мешавина од видливи бранови должини помеѓу 380 нанометри (виолетова според човечкото око) и 750 нанометри (црвена), но секоја од нив се расејува различно низ честичките во атмосферата. Во случајот на атмосферските гасови, сината светлина најмногу се расејува – процес познат како Рејлиево расејување. Тоа објаснува зошто Месечината, кога е високо на небото, добива синкаста боја, додека кога е ниско на хоризонтот – има портокалов или дури црвен тон.