[ВИДЕО] Еди Рама повторно на колена пред Мелони

Макфакс

11/07/2025

10:44

1.503

Големина на фонт

а а а

На Конференцијата за обнова на Украина што се одржа во Рим, албанскиот премиер Еди Рама клекна по втор пат пред италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Како домаќинка, Мелони ги поздрави лидерите и претставниците на сите земји поединечно, но средбата со Рама повторно беше причина за непријатноста на која е навикната италијанската премиерка.

Имено, за време на поздравната средба, албанскиот премиер клекна на левата нога пред Мелони, скрстувајќи ги рацете. Рама, претходно, на овој начин ја поздрави Мелони во мај оваа година на состанокот на Европската политичка заедница, кога клекна на црвениот тепих пред неа на дожд, а таа му рече да не го прави тоа и објасни дека Рама клекнува оти е многу повисок од неа.

Во својот говор на конференцијата, премиерот Рама рече дека ветил дека ќе биде „невообичаено краток“, заблагодарувајќи ѝ се на премиерката Мелона за организацијата, нарекувајќи ја „мојата сакана сестра“.

„Мојата сакана сестра Џорџа Мелони денес потсети дека сите патишта водат кон Рим“, рече Рама.