Со кујнски нож избоден продавач на тезга на пазар во Битола

Макфакс

11/07/2025

09:53

358

Големина на фонт

а а а

На пазар во Битола се одвивала вистинска драма – маж со кујнски нож избодел продавач на тезга.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за убиство.

Осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во Новиот пазар во Битола, се обидел да убие едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот избегал.

Според последните информации, напаѓачот е приведен, а јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.