Шпански медиуми: Реал Мадрид отпишува тројца играчи по дебаклот со ПСЖ

Макфакс

11/07/2025

10:55

344

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид беше поразен со 0:4 во полуфиналето на Светското клупско првенство од Пари Сен Жермен. Тоа беше последниот натпревар на Лука Модриќ за Реал Мадрид, а се чини дека беше последен и за уште тројца играчи на Реал, бидејќи клубот, според Fichajes, повеќе не смета на нив и сака да ги продаде во овој преоден рок.

Модриќ ќе ја продолжи кариерата во Милан, а со него клубот ќе го напуштат и Родриго, Дани Себаљос и Брахим Дијаз. Според шпански извор, новиот тренер Чаби Алонсо не ги гледа во најблиските комбинации во борбата за позиции во тимот и клубот ќе се обиде да заработи со нивна продажба.

Родриго, некогаш голема надеж на клубот на напаѓачките позиции, одигра само 93 минути за време на целото Светско клупско првенство, појавувајќи се во три од шесте натпревари на Реал.

Брахим Дијаз, без оглед на неговата енергија и претходни блескави моменти, е тргнат настрана, а играчот од средниот ред Себаљос, исто така, претрпе пад во хиерархијата, откако доби само 70 минути на четири натпревари на Светското клупско првенство.

Следното поглавје од нивните кариери нема да биде напишано на Сантијаго Бернабеу, се нагласува, додавајќи дека процесот на промени во клубот веќе започнал.