Полицијата објави детали за настанот на пазар во Битола во кој едно лице со кујнски нож избоде продавач на тезга во комплекс „Нов Пазар”.
Според информацијата на МВР, полицајците во комплекс „Нов Пазар” во Битола го уапсиле К.С. (42) од Битола.
Имено, истиот ден Ј.С. (70) од Битола пријавил во полиција дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал.
Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (42), син на Ј.С. и со остар предмет му нанел повреди на А.Б..
Со возило на Итна медицинска помош, А.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С. за сторено кривично дело „обид за убиство“, а судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.