„Се очекува месец јули да биде со прилично високи температури сезонава“, предупредуваат метеоролозите.
Метеоролозите во Грција во месечната прогноза за месец јули најавиле дека во омилената летна дестинација за многу од туристите, првите 10 дена времето ќе биде суво, додека пак во другите десет дена, а особено од 11 до 15 месецов, можна е нестабилност со обилни дождови и невремиња, главно во централните и северните делови од земјата.
Метеоролошката страница „Meteo-Thessalia“ најавила дека од 16 до 20 јули времето ќе се подобри со можни повремени дождови на север, додека пак од 21 до 31 јули ќе продолжи подобрувањето на времето, но со можност за појава од дожд/невреме во централните и северни делови на Грција.
„Се очекува јули да биде со прилично високи температури, но без поголеми топлотни бранови. Што се однесува до дождовите ќе ги има малку и ќе бидат локализирани во облик на нестабилност и невреме главно во централните и северните делови од земјата, во текот на неколку денови во месецот. Во текот на месецов температурите ќе варираат над нормалното ниво, додека пак дождовите ќе бидат под нормалата“, најавиле грчките метеоролози.
Освежување пред новиот налет на топлина
Според нивните временски прогнози во Грција доаѓаат интензивни топлотни бранови со зголемен интензитет, меѓутоа од денеска времето ќе биде посвежо и со пониски температури.
„Кратките бранови на ладен воздух се очекуваат до сабота по високите температури кои стигнаа во целиот дел на Грција изминативе денови“, било објавено.
Меѓутоа, метеоролозите говорат и за новиот период на опсесивна топлина којшто би можел да се претвори во топлотен бран со зголемен интензитет, почнувајќи од наредната недела.
Од недела, два главни центри предупредуваат на период на продолжена топлина којшто до средина на неделата може да се претвори во топлотен бран со зголемен интензитет.