Кон Блаце нормализиран сообраќајот за камиони, на Табановце се чека 30-ина минути

Макфакс

11/07/2025

12:45

136

Големина на фонт

а а а

Во 14:30 часот, на излез од РСМ од БП “Дизел” кон ГП “Блаце”, сообраќајот на тешки моторни возила е нормализиран, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.