Искусниот англиски интернационалец, Џордан Хендерсон по пауза од две години повторно ќе игра на островот и во Премиер лигата.
Поранешниот капитен на Ливерпул се враќа дома по епизодите во Ал-Етифак од Саудиска Арабија и Ајакс од Холандија и тоа со ангажман во редовите на Брентфорд.
Според „Атлетик“ популарниот Хендо кажал „ДА“ за двегодишна соработка и тој ќе биде дирекна замена за Кристијан Норгард кој вчера го комплетираше трансферот во Арсенал. Џордан ќе донесе лидерство, квалитет и искуство кое дефинитивно ќе му биде потребно на Брентфорд по значајните промени, заминувањето на менаџерот Томас Франк, а „висат“ уште неколку клучни играчи за кои има сериозен интерес пред се од англиските клубови.
Играчот за врска во својата кариера има настапувано уште за Сандерленд и Ковентри.