Некогашниот француски репрезентативец, Вилијам Ерик Галас смета дека Лига 1 има нова ѕвезда, а тоа не ниту еден од играчите на Пари Сен Жермен кои освоија се што можат во минатава сезона.
Галас верува дека сега најголемо име во домашниот шампионат е подзаборавениот Пол Погба кој летово потпиша за Монако, клуб кој одлучи да му даде нова шанса на играчот од средниот ред кој се мачеше со повреди, а потоа и дојде суспензијата поради допинг.
- Да, дефинитивно. Бидејќи кој друг е поголема ѕвезда? Кој беше голема ѕвезда пред него? Можеби Ашраф Хакими, можеби Дезире Дуе. Но, да се има играч од калибарот на Погба во лигата ќе биде многу добро за имиџот на Лига 1. Сите знаеме, сè во фудбалот сега е комерцијално. Сè е околу маркетингот. Значи, кога имате играчи како Погба кои имаат огромен публицитет и огромно признание, а во исто време и многу квалитет, тоа секогаш е добро за лигата, - вели Галас кој смета дека Монако е идеална средина за Пол.
- Да. Во споредба со Марсеј, каде што исто така беше поврзуван, атмосферата и локалниот начин на живот се сосема различни. Мислам дека ќе има помал притисок од навивачите во Монако, додека тој се ослободи од ‘рѓата и повторно го пронајде својот ритам.
- Стручниот штаб во Монако е исто така многу, многу добар. Има одличен персонал во многу врвни клубови, но мислам дека во Монако ќе има најдобри можни околности да се врати. Мислам дека тоа е најдобриот клуб за кој можеше да потпише, од сите можни опции, - заврши поранешниот стопер на Челси, Арсенал и Тотенхем.