Јамал: Имаме многу заеднички работи со Меси, но…

Дерби

11/07/2025

13:35

345

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал е едно од најголемите имиња на денешната фудбалска сцена без разлика на тоа што тој се уште е полнолетен што доволно говори за неговиот квалитет, знаење и се што досега прави во дресот на Барселона и шпанската репрезентација.

Тој ги освои сите пехари со Барселона во домашните натпеварувања, стана европски првак со „црвената фурија“ и често поради својата игра е споредуван со Лионел Меси, еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт.

Младата ѕвезда на каталонците е среќна што се става во иста реченица со Аргентинецот, ама во исто време порачува дека тој сака да си изгради свој пат, наследство.

- Секогаш се обидував да го изградам својот пат. Секако, Меси е најголемиот играч во историјата за мене, без сомнеж. Тој е левоног, како и јас. Тој играше за Барселона, јас играм за Барселона. Тој играше како десно крило, исто како и јас. Дефинитивно имаме многу заедничко и тоа е во ред. Само сакам да го изградам својот пат.

- Тој ја напиша својата легендарна приказна и се надевам дека ќе имам успешна кариера како неговата. Но, што е поважно, сакам да играм фудбал на свој начин, да ја напишам својата приказна и да ги натерам луѓето да го запамтат името Ламин Јамал, - порача офанзиецот.