[ФОТО] Никогаш пожешка славната актерка во минијатурно бикини: За 53-от роденден ги „почести“ обожавателите со разголена фотографија која го одзема здивот

Точка

12/07/2025

21:06

3.171

Големина на фонт

а а а

Актерката Софија Вергара го прослави својот 53-ти роденден, а по повод нејзиниот посебен ден таа ги почести своите следбеници на Инстаграм со фотографија во предизвикувачко бикини.

Вергара ги истакна своите атрибути во белото бикини, а позираше на подот, опкружена со букети цвеќе. На фотографијата, таа ги покажа и своите роденденски торти. Нејзините обожаватели веднаш ја обсипаа со комплименти за нејзиното заводливо издание.


„Среќен роденден, кралице“; „Така се носат 53“; „Изгледаш одлично“, ѝ напишаа некои.

Заедно со фотографија во бикини, Вергара сподели моменти од прославата. Имено, таа го прослави својот роденден на Сардинија, опкружена со своите пријатели. За оваа пригода, таа избра тесна тоалета со цветен дезен и длабоко деколте. Комбинацијата ја надополни со високи бели потпетици и едноставен накит.


Вергара го прослави својот роденден неколку дена откако се појавија гласини за нејзината романса со ѕвездата на НФЛ, Том Брејди. Како што објавија странските медиуми, тие двајца неодамна патуваа заедно на Ибица. Извор за „Пејџ сикс“ изјавил дека се работи за „летна романса“ што започнала пред една недела на суперјахтата Луминар.