[ВИДЕО] Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Макфакс

14/07/2025

08:24

267

Големина на фонт

а а а

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки, Енди Бешир.

Локалната полициска станица објави дека единствениот осомничен за нападот е убиен, додека ранетиот полицаец добил медицинска помош и е во стабилна состојба.

Пукањето во кое загинаа две лица се случи во баптистичката црква на Ричмонд Роуд, а службите за итни случаи беа повикани на местото на настанот за да им помогнат на повредените, соопшти полицијата.

Еден полицаец беше ранет вчера рано наутро на патот што го поврзува аеродромот Блу Грас со округот Фајет, соопшти полицијата. Осомничениот потоа избегал во баптистичка црква оддалечена околу 27 километри, каде што убил две лица и ранил неколку други.

Полицијата во Лексингтон потврди дека двете пукања се поврзани.

Државната полиција на Кентаки и полициската управа во Лексингтон го „неутрализираа“ осомничениот во црквата.

„Ве молиме да се молите за сите оние што се погодени од овој бесмислен чин на насилство“, рече гувернерот Бешир.