[ФОТО] МВР со детали за пожарот во Злокуќани: Опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Макфакс

14/07/2025

14:11

1.106

Големина на фонт

а а а

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови.

Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.