Мастантуоно откри дека останал изненаден од еден нов соиграч во Реал: Ми се јави и ми посака добредојде

Дерби

15/07/2025

15:49

408

Големина на фонт

а а а

Франко Мастантуоно го привлече вниманието со своите настапи за Ривер Плата, па иако во прв момент се чинеше дека ќе заврши во Манчестер Сити, на крајот Реал Мадрид го искористи ексклузивното право да го ангажира поради добриот однос со аргентинскиот клуб.

„Кралевите“ веќе го потврдија Франко како трето летно засилување и му посакаа добредојде, но пред првиот тренинг кој треба да го одработи некаде на средината на месец август, Аргентинецот почнува да ги дава и првите интервјуа како играч на Реал.

Пристигнувањето на Мастантуоно е одложено за август само поради фактот што тогаш ќе наполни 18 години, но фудбалерот веќе почнал да добива честитки од своите нови соиграчи.

Интересно, Аргентинецот открива дека Дин Хаусен бил првиот кој му пишал и му пристапил за реализираниот трансфер, а успеале да остварат комуникација и за време на Светското клупско првенство.

– За едно момче од Аргентина не е лесно да стигне до Реал Мадрид, тоа изгледа многу далечно. Знам дека за одреден период ќе бидам во Реал и многу сум емотивен поради тоа. Сепак, нема да дозволам таа емоција да ме извади од рамнотежа, одам во Реал со цел да му помогнам на тимот.

– Немам страв, за мене Реал е голем предизвик. Знам дека сум младо момче, но имам сон да направам големи нешта. Ќе работам за тоа и верувам дека ќе успеам, – вели Франко и додава.

– Досега разговарав со Дин Хаусен. Стапи во контакт со мене и ми посака добредојде. Благодарен сум му на тој гест, имавме можност и да се видиме за време на Светското клупско првенство. Едвај чекам да се приклучам на тој тим, – изјави Мастантуоно.