[ВИДЕО] „Не го одложувајте менструалниот циклус поради одење на одмор!“: Гинеколог дал важен совет на жените, а ги споменал и сексуалните односи

Точка

16/07/2025

18:22

2.387

Големина на фонт

а а а

Младите девојки се соочуваат со оваа дилема, особено кога доаѓа летото и е време за одење на море. Многу млади девојки земаат хормонски таблети за да ја одложат менструацијата поради одење на плажа или некој настан.

Се поставува прашањето, дали е опасно да се земаат само еднаш и кои се можните несакани последици? На тие прашања одговорил гинекологот Зоран Раовиќ, кој бил гостин во емисијата „Јутро“.


„Таблетите за одложување на менструацијата не се толку опасни освен кога жената има проблем со тромбоза, тромбофилија. Не треба да го одложувате циклусот повеќе од 14 дена. Но, тие не треба да се користат повеќе од еднаш годишно. Несаканите ефекти може да бидат главоболки, гадење, нарушувања на крвниот притисок, стегање во градите. Мора да има ограничување“, рекол д-р Раовиќ.

„Ова се гестагени, се пијат неколку дена пред очекуваниот циклус и се земаат цело време кое сакате за да го одложите циклусот, но не подолго од 14 дена“, истакнува тој.

Доктор Вања Милошевиќ, гинеколог од ГАК Народни фронт, исто така не ги препорачува таблетите за одложување на менструацијата.

Тој вели дека високата температура, заедно со високата влажност, претставува идеална подлога за развој на бактерии и габи.

Како што додаде, тука се и падот на имунитетот, вирусите, незаштитените сексуални односи... така што опасноста демне од сите страни.

Сепак, едно од најчестите прашања што ги добива е дали треба да се одложи менструацијата.

„Најважниот совет што можам да им го дадам на жените е да не ја одложуваат менструацијата. Одложувате нешто што е природен процес за два или три дена уживање, а тоа може да ви предизвика сериозна штета подоцна“ предупредил Милошевиќ.


Според него, тие таблети се лесно достапни, но се 200 пати посилни од дозата на природни хормони што ги имате.

Исто така, Милошевиќ ја нагласил потребата од редовни контроли.

„Воспалителните процеси и инфекциите најчесто се појавуваат кога ќе се вратиме од годишен одмор. Неопходно е и да се избегнуваат незаштитени сексуални односи“, додал Милошевиќ.

Кога станува збор за инфекциите, тие се почести на базените, бидејќи морето, реките и езерата сепак претставуваат природна средина.