Како што цените за патување во Европа продолжуваат да се зголемуваат, а во најпопуларните дестинации владее масовниот туризам, магазинот „Time Out“ објави листа на европски градови кои вреди да ги посетите во 2025 година, доколку сакате да заштедите.
„Многу од градовите кои некогаш биле евтини, сега не се. Грција, Шпанија, Италија и други популарни земји моментално се борат со прекумерниот туризам, а цените сѐ повеќе се зголемуваат“, наведува „Time Out“.
Сепак, тие додаваат дека „сѐ уште постојат места кои може да ги истражите без да го испразните паричникот“.
Главните предности на овие дестинации се помалиот број на туристи, помалиот метеж и често евтини летови.
Иако поимот евтин град е релативен и зависи од појдовната точка, времето на патување и начинот на патување, листата на „Time Out“ опфаќа разновидни опции – од метрополи до помали, често занемарени бисери.
Топ 10 најпристапни европски градови за 2025 година:
1. Тирана, Албанија
2. Софија, Бугарија
3. Загреб, Хрватска
4. Каунас, Литванија
5. Рига, Летонија
6. Сараево, Босна и Херцеговина
7. Краков, Полска
8. Букурешт, Романија
9. Кингстон на Хал, Велика Британија
10. Чешки Крумлов, Чешка
Тирана, број 1 за патници со ограничен буџет
Албанското крајбрежје во последниве години стекна голема популарност како попристапна алтернатива на Грција, а Тирана како главен град, предводи на листата.
Нуди живописна атмосфера, интригантни музеи, уметнички мурали, автентични барови и ресторани.
Според „Time Out“, цената на сместувањето за ноќевање за едно лице во Тирана изнесува околу 46 евра, што ја прави идеална дестинација за патници кои внимаваат на буџетот.