[ФОТО] Во младоста ја нарекувале измамничка затоа што со „несоодветен“ изглед заработила милиони: Денес има 44 години и велат – „божица, какво тело“

Точка

18/07/2025

21:31

4.886

Големина на фонт

а а а

Алесандра Амбросио, некогаш била оспорувана поради „несоодветниот“ изглед за модната индустрија, а денес со горди 44 години докажува дека времето може да ви биде само сојузник.

Последната фотографија која ја објавила во бикини привлекла огромно внимание на социјалните мрежи, а коментарите од обожавателите се свеле само на едно нешто: „Изгледаш подобро од кога и да е“.

Од оспорувана девојка до модна икона

Во првите години од кариерата Алесандра немала поддршка каква што имаат денешните ѕвезди на социјалните мрежи.


Ја нарекувале „несоодветна“, велеле дека е премногу обична и дека не го заслужува местото меѓу најпознатите модели на светот.

Дури кружеа и гласини дека успехот за неа дошол благодарение на „добрите врски“, а не на нејзиниот изглед и работа. Сепак, Амбросио сите тие коментари ги игнорирала и изградила кариера вредна 80 милиони долари.

Таа станала заштитно лице на бројни брендови, носела најлуксузни креации, а најмногу ја паметиме по годините кога била една од најпрепознатливите ангели на „Викторија Сикрет“. Денес, како што велат фановите е „најсексапилната пензионерка во модната индустрија“.

Завидна фигура и во 5-тата деценија од животот – како ѝ успева?

За својот изглед денес, Алесандра може да се заблагодари на комбинациите од генетиката, дисциплинираната рутина и умереноста.


Иако никогаш не пропагирала конкретни диети, познато е дека внимава на исхраната.

Амбросио повеќе пати истакнала дека го практикува 80/20 пристапот – 80 отсто од времето јаде здраво, а 20 отсто си дозволува себеси да ужива. Денот обично го започнува со смути со спанаќ, банана, бадемово млеко и протеини, а за ручек јаде пилешко месо, риба или мисиркино месо со салата. Вечерата ѝ е лесна, зеленчук на скара, суши или супа.

Во ретки интервјуа таа открила дека не јаде леб и тестенини во доцните часови, пие многу вода и комбинира јога, пилатес и одбојка на песок.

Без естетски зафати – и тоа намерно

Иако се наоѓаме во свет во којшто пластичната хирургија речиси е секојдневна пракса, Алесандра одлучила да остане верна на природниот изглед. Откако како девојче имала трауматично искуство со операција на ушите, се откажала од нови естетски зафати. Самата таа истакнала дека тој период оставил длабока трага на неа поради тоа што денес гордо ги носи своите години и природните црти на лицето и телото.


Заљубена и исполнета

Покрај тоа што зрачи со здравје и убавина, Алесандра зрачи и со нешто подлабоко – среќа. Веќе подолго време е во врска со Бал Палмер, со којшто често споделува романтични моменти на социјалните мрежи.

Од бракот со Џејми Мазуро има две деца – ќерката Ања и синот Ноа, а како што велат извори блиски до манекенката, токму во оваа животна доба таа конечно се чувствува среќно.