[ВИДЕО] Се укинува едно од најпознатите „talk“ шоуа на светот – крај на една телевизиска ера!

Точка

18/07/2025

13:15

761

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите емисии на светот „The Late Show With Stephen Colbert“ заминува во историјата.

Телевизиската мрежа „CBS“ одлучила да ја згасне култната емисија и тоа – засекогаш. Последната епизода е закажана за мај 2026 година.

Веста која изненадила милиони гледачи лично ја потврдил водителот Стивен Колберт и тоа пред шокираната публика во популарниот театар во Њујорк - Ед Саливен, во четвртокот на 17 јули.

„Сакам да споделам нешто што и јас го дознав синоќа. Следната сезона ќе биде наша последна“, изјавил видно потресениот Колберт.

„CBS одлучи во мај да ја заврши емисијата“, додал водителот.

Публиката не можела да верува, а Колберт само кратко додал: „Да, и јас така се чувствувам“.

Она што уште повеќе ги потресло обожавателите е фактот што никој нема да го замени Колберт – „Late Show“ повеќе нема да постои.

„Ова не е само крај на нашата емисија. Ова е крај на „Late Show“ на CBS“, изјавил Колберт, па додал: „Нема никој да ме наследи. Едноставно сѐ исчезнува“.

И работата да биде уште поневеројатна, само два дена претходно емисијата добила Еми номинација за најдоброто „talk-show“.

Од „Paramount Global“ пристигнала потврда: „Емисијата навистина се гаси, Колберт заминува, заменик не се бара“.

„Стивен Колберт е незаменлив. Поради тоа и „Late Show“ ќе го повлече со него“, наведено е во соопштение.

Иако многумина веднаш се посомневале на разни причини, официјално било соопштено дека одлуката е исклучиво од финансиска природа. Велат, нема врска со рејтингот, содржините ниту со работата на Колберт.

„Горди сме што Стивен беше дел од нашата мрежа. Ќе биде спомен како еден од великаните кои ја одбележаа вечерната програма“, заклучиле од „CBS“ и „Paramount“, пренесува „Yahoo“.