[ВИДЕО] Симулација покажува што би се случило во трка меѓу Усеин Болт и гепард

Точка

26/07/2025

14:31

3.692

Големина на фонт

а а а

Пред да се обложите дека Усеин Болт може да победи било кого во трка, можеби треба да ја погледнете оваа вирална симулација. Иако е во пензија веќе осум години, легендарниот спринтер од Јамајка сè уште ја држи титулата на најбрз човек на светот, без никој да успее да му ја одземе.

Болт против гепард

Болт истрча 100 метри за само 9,58 секунди на Светското првенство во Берлин во 2009 година. Тој подвиг, заедно со осум златни олимписки медали и бројни светски рекорди, го зацементира неговото име во историјата на атлетиката. Непотребно е да се каже, на патеката беше незапирлив.

Иако Болт лесно би го победил секој човек што би го предизвикал на трка, приказната е сосема поинаква кога би се соочил со гепард. Овие големи мачки со право ја носат титулата на најбрзи копнени животни на планетата, што ги прави совршен противник за Болт. Гепардите можат да достигнат неверојатна брзина до 120 км/ч, поради што максималната брзина на Болт од 44,7 км/ч изгледа речиси како полжавска.

За да се види како би изгледала таква трка во реалноста, на „YouTube“ каналот „Global Data“ креираа 3D симулација. Во видеото прво се прикажани статистиките: најдоброто време на Болт на 100 метри е 9,58 секунди, додека личниот рекорд на гепардот на истата делница е неверојатни 5,95 секунди.

Симулацијата прво го прикажува Болт како трча сам на патеката, а потоа и гепардот. Кога беа ставени еден против друг, исходот беше поразителен за јамајканскиот спортист. Гепардот во симулацијата буквално го остави во прашина, трчајќи низ патеката на сите четири нозе. До моментот кога мачката ја премина целната линија, Болт беше далеку зад неа.

Ни предноста не помага

За трката да биде барем малку поправедна, креаторите на симулацијата му дадоа на Болт голема предност. Но, дури ни тоа не беше доволно. Видеото покажува како гепардот без напор го престигнал и прв стигнал до целта.

Гледачите останаа воодушевени од леснотијата со која гепардот победи, а многумина ги споделија своите впечатоци во коментарите. „И двајцата се чуда на брзината, само се физички и физиолошки различни“, напиша еден корисник. Друг се пошегува: „Болт не е навикнат да гледа некој пред него!“ Трети призна: „Како дете, секогаш мислев дека Усеин Болт е брз како гепард.“

„А сега да го видиме гепардот на две нозе“, се пошегувал некој.