Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДС. Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, вели тој, го разголи главниот обвинител Коцевски, совршено е јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДС се таму каде што се.
„Главниот обвинител Коцевски очигледно е целосно препуштен во прегратките на СДС, и таквиот однос, не само што не му пречеше, туку и го зема како последна сламка за спас.
Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и ќе си поднесеше сам оставка.
Игнорирањето на мизерните 2% доверба од народот и интерпелацијата во Собрание, е јасен показател дека главниот обвинител Коцевски има друг приоритети, а тоа е да служи како гума за спасување на дел од функционерите од СДС блиски до Филипче и Заев од кривична одговорност за криминалите кои ги правеле“.
Според Петрушевски, доблест од Коцевски не може да се очекува, само чисто калкулантство и политичко профитерство.