Триесет жени од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија биле затекнати и приведени во ноќна полициска акција во Тетово и с. Желино, поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Акцијата, спроведена во ноќта меѓу 9 и 10 август (23:30 – 02:30 часот), била организирана од полициски службеници на СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе од Скопје.
При контролата во објект во с. Желино, сопственост на 48-годишниот Ј.Ф., и во објект во Тетово управуван од 22-годишниот И.А., било утврдено дека странските државјанки престојувале во земјава спротивно на целта на туристичкиот престој.
Тие биле задржани во полициска станица, а сопственикот и одговорното лице се соочуваат со поднесување соодветни кривични и прекршочни пријави.