Застрашувачкиот суперавтомобил на „Lamborghini“ со V12 мотор, легендарниот „Diablo“, се враќа на сцената за да ја одбележи 2025 година, во форма на смела реинтерпретација од компанијата „Eccentrica“. „Top Gear“ доби ексклузивна можност прв да ја тестира оваа модернизирана ѕверка и да го потврди она што љубителите на автомобили одамна го знаат – оригиналниот „Diablo“ од 1990-тите целосно го заслужува својот митски статус, пишува "TopGear.com".
Без разлика дали се вози со 190 km/h на отворен пат или се паркира со брзина од само 3 km/h, „Diablo“ отсекогаш предизвикувал стравопочит. Сега започнува нова ера на адреналин, благодарение на италијанскиот бизнисмен и сопственик на „Lamborghini“, Емануеле Коломбини.
Коломбини ги вложи своите ресурси за да го оживее култниот автомобил за новата генерација, а на прв поглед станува збор за смела трансформација. На проектот како консултант се приклучи и поранешниот технички директор на „Lamborghini“, Маурицо Реџиани, со цел да ги исправи некои од недостатоците што го следеа оригиналниот модел, и покрај неговата легендарност.
Челичната шасија е засилена со карбонски влакна, а автомобилот доби целосно нови компоненти на суспензијата. Вградена е контрола на пролизгување, како и прилагодливи режими на работа на шасијата, а овој пат пристигнува и со вистински, модерни сопирачки.
Срцето на автомобилот останува моќниот 5,7-литарски V12 мотор, но сега е опремен со нови брегасти вратила и нова управувачка единица (ECU), што му додаде уште 50 коњски сили – за вкупна моќност од 540 КС. Звукот, секако, остана спектакуларен.
Како оваа модернизирана ѕверка се однесува на патот, можете да погледнете во видеото, каде што Том Форд од „Top Gear“ го тестира преработениот италијански суперавтомобил.