Сопругата на Горан Иванишевиќ, Нивес (43), обожава да споделува бројни моменти од својот приватен живот со следбениците на социјалните мрежи.
Познатата водителка сега ужива во одморот во Хрватска заедно со семејството, а како и вообичаено кога е во прашање таа, повторно имавме можност да уживаме во нејзиниот неверојатен изглед.
„Нема подобро чувство од ова“, напиша Ниевес во описот на објавата, а позираше на брод во модерно ригесто бикини и покажа нереална самодоверба и завидна фигура.
„Преубава“, „Нема ништо подобро од оваа глетка“, „О, не знам каде сум“, „Блазе си му на твојот сопруг“, беа дел од коментарите.
Инаку Ниевес и Горан се во брак од 2017 година, кога се венчаа во тајност, а пред тоа, поранешниот тенисер помина 17 години со Татјана Драговиќ, со која доби две деца.