Холивудскиот актер Роберт де Ниро вложува милиони во нов бизнис на Карипските острови – инвестицијата се проценува на 300 милиони долари

Супермен

20/08/2025

13:35

457

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Роберт де Ниро вложува во карипскиот остров Барбуда и планира отворање на хотел, како и комплекс ресторани и резиденции на островот.

Вкупната инвестиција се проценува на 250-300 милиони долари. Хотелот ќе има 26 соби, со цена од ноќевање од околу 2.500 долари.

Проектот предвидува и градење на 25 луксузни приватни вили по почетна цена од 12 милиони долари.


Де Ниро инсистира на минимално еколошко и визуелно влијание и нагласува користење на природни материјали и автохтони растенија за да ја зачува недопрената природа на островот.

Архитектите добиле задача објектите да „исчезнат во пејзажот“, пренесува „Блунберг“.

Се проценува дека хотелот за една година во случај на пополнетост од 70 отсто ќе донесе годишен приход од околу 22,9 милиони долари, а продажбата на куќите од 300 милиони долари со дополнителни приходи од одржување и закуп.

Дополнителните приходи од рестораните и спа-услугите се проценети на пет до седум милиони долари годишно.


Вкупниот придонес на локалната економија низ платата и потрошувачката се проценува на 12 до 15 милиони долари годишно по отворањето, наведено е на веб-страницата на хотелот.

Проектот досега бил соочен со предизвици, вклучувајќи го ураганот Ирма и пандемијата на коронавирусот, но и со критиките на делата од локалните жители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk