Пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари

Макфакс

20/08/2025

13:13

219

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча и го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ - Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист.

Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.