[ВИДЕО/ФОТО] Голем пожар во Карпош 4: Пламени јазици зафатија објект во близина на Телма

Точка

21/08/2025

12:47

1.910

Големина на фонт

а а а

Голем пожар претпладнево зафати објект во населбата Карпош 4 во Скопје. Од местото на пожарот се издигаат густи облаци црн чад што се гледаат од повеќе делови на градот.

Екипите на пожарникарската служба се на терен и моментално работат на изгаснување на огнот, а властите апелираат граѓаните да се воздржат од приближување кон местото на настанот поради опасност од ширење на пожарот и чад.

Видео од местото ја прикажува разгорената огнена стихија и оштетувањата на објектот. Нема официјални податоци за повредени, ниту за материјалната штета, повеќе детали се очекуваат по увидот на надлежните.   

 

Голем пожар во Карпош 4: Пламени јазици зафатија објект во близина на Телма

Posted by Tocka on Thursday, August 21, 2025