Општина Карпош до премиерот: Мицкоски да го едуцира својот кандидат за градоначалник за начините на водење на кампања

Макфакс

21/08/2025

14:50

177

Големина на фонт

а а а

„Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува неговиот личен кандидат за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој има упатено писмо до секоја фирма поединечно, за средби на кои ќе се разговара за бизнис климата кај бизнис заедницата“, велат од Општина Карпош.

„Убаво би било господинот Мицкоски да му објасни на својот кандидат, неколку работи.

Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица а НЕ се фирми. Тие се јавни установи за воспитување, згрижување и образование на децата. Оттука, би било убаво заеднички да ни објаснат, како децата од градинките и основните училишта ќе влијаат на „подобрување на бизнис климата, преку работни средби и преку формирање на заеднички платформи“?

Господинот Мицкоски треба да му објасни на личниот кандидат дека ги повикува на средба истите оние градинки и основни училишта, на кои неговата партија ВМРО ДПМНЕ гласаше во Советот на Карпош против Одлуките, да вработените од воспитно образовните установи не земаат плати, против осовременување на наставата преку набавка на смарт – панели, против заштеда на енергија и поставување на фотоволтаични панели, против реновирање на училиштата и градинките;

Би било чесно од претседателот на Владата да го подискара својот кандидат за градоначалник, дека на ваков начин со директно упатување на покана на адреса на фирмите и установите за наводни средби, врши притисок врз директорите на јавните установи, училиштата и фирмите. И оти ВМРО ДПМНЕ не треба да се служи со таков вид на притисоци;

Земањето на податоци од правни лица и праќање на мејлови за бизнис средби како претставник на политички субјект е флагрантно кршење на законите и форма на досега невиден притисок врз обични стопанственици. Во случајов, Лукровски не знае ама премиерот знае, дека кандидат за градоначалник се станува тогаш кога Државната изборна комисија ќе ја признае кандидатурата и дека кампања се води во точно утврден временски рок. Затоа, го повикуваме премиерот Мицкоски да го едуцира својот избраник за начините на водење на кампања, притоа да избегнува притисоци и доколку тој тоа не го стори, истиот ќе мора да биде корегиран од Основното јавно обвинителство, затоа што прави груби повреди не само на на Изборниот законик, туку и на низа други закони“, се наведува во соопштението од општина Карпош.