Познатиот актер Мадс Микелсен (59) изгледа подобро од кога било, а токму поради тоа сите коментираат дека тој е еден од ретките мажи кои убаво стареат и сè уште претставува достојна конкуренција на многу помладите мажи.
Тој се појави на Венецијанскиот филмски фестивал со сопругата Хана Јакобсен, а двајцата воодушевија со нивните модни изданија.
Имено Микелсен се одлучи за елегантен црн костум и со својот монохроматски изглед привлече големо внимание, додека неговата сопруга блесна во долг фустан со цветни мотиви.
Тој успеа да стане сакан и од женската и од машката публика, а во Холивуд го донесе духот на Скандинавија и стана синоним за успехот на данската филмска индустрија. Поради неговите црти на лицето, тој е најпознат по улоги на негативец.
Тој долго време е главна ѕвезда и еден од омилените мажи во Данска но и во Холивуд, а секое негово појавување предизвикува многу позитивни реакции, особено кај жените.
Неговите години го прават уште посексапилен и позаводлив, па коментарите како „мојата сексуална ориентација е Мадс Микелсен“, „Овој маж е најубавиот на светот“ не се изненадувачки.