[ФОТО] Изгледа сексапилно и неодоливо: Северина во костим за капење кој не може да помине незабележан на плажа

Точка

02/09/2025

13:17

1.663

Големина на фонт

а а а

Пејачката Северина е позната по својот беспрекорен стил и смисла за мода, а нејзиниот орман е вистинска ризница на летна инспирација.

Особено се истакнува импресивната колекција на костими за капење, од гламурозни модели со детали кои ги привлекуваат погледите, до едноставни, класични кроеви кои се навистина елегантни.

Меѓу моделите кои дефинитивно не поминуваат незабележливо е костимот за капење којшто пејачката го носи на последната објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Станува збор за виолетов костим за капење од брендот „Norma Kalami“. Овој костим за капење со асиметричен дизајн е направен така што едното рамо е откриено додека пак над другото се протега виолетова лента.

Посебноста на овој костим за капење е фактот што се преливаат деловите од виолетов и проѕирен материјал, па се создава ефект на „cut-out“.


проѕирните делови ги откриваат деловите на кожата и ја нагласуваат линијата на струкот и колковите, а високиот изрез на долниот дел визуелно ги продолжува нозете.

Овој модел на костим за капење е идеален за сите кои сакаат спој на елеганција и модерен дизајн, а мора да признаеме дека на пејачката ѝ стои совршено.