[ВИДЕО] Милена од Канал 5, за Точка: „Летото кога првпат останав бремена најмногу ќе го паметам“

Точка

01/09/2025

22:02

2.422

Големина на фонт

а а а

Водителката на Утринската програма на Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска, ни одговори на прашањето „Кое лето ти го промени животот“, а истиот веруваме особено ќе им се допадне на сите коишто се оствариле во улогата на родител.

Иако низ насмевка признава дека имало и случки од разни летни одмори, кои не се толку за раскажување, Милена сепак како посебно лето го издвојува она кога останала бремена со нејзината прва ќеркичка Лана Марија.

„Тоа лето беше последно кога бев сама со мојот сопруг. Веќе од наредното лето, бевме со нашето прво дете, а после неколку лета се роди и нашата втора ќерка Јоана. За мене, нема поубаво чувство од она кога станав мајка“, ни признава водителката.

Тоа лето било поразлично и навистина многу впечатливо за Милена, со оглед дека сите наредни таа има нова, животна и приоритетна улога, во која бескрајно ужива.

Автор: Ц.Н.