Рангник даде објаснување за лудата ситуација која ја режираше на теренот во Зеница

Дерби

10/09/2025

10:52

118

Големина на фонт

а а а

Ралф Рангник бележи позитивни резултати како австриски селектор и вчера го водеше својот тим до тешка, но важна победа во Зеница, триумф со кој Австријците дојдоа до четврта победа во квалификациите за Светско првенство.

Сите три гола во победата од 1:2 беа постигнати во второто полувреме, но пред да дојде до тоа, најинтересна ситуација на теренот беше онаа која ја режираше гостинскиот селектор.

По последниот судиски свиреж во првиот дел, Рангник се качи на електричен велосипед и истиот го искористи како превозно средство до тунелот кој води кон соблекувалните, а бидејќи истото го повтори и кога се враќаше кон клупата на стартот на вториот дел, искусниот Германецот мораше да дава одговори по победата од 1:2.

Рангник им открил на новинарите дека се уште чувствува последици од операцијата која ја правел на зглобот на почетокот на летото, па тоа е единствената причина поради која решил да ја штеди својата нога.

– Бидејќи знаевме дека патот до соблекувалната тука е доста долг, а јас се уште не можам толку добро да одам, решивме да имам опција со електричен велосипед. Поради тоа што не беше во можност да организираме голф возило, се одлучивме за електричен велосипед, – гласи изјавата на Рангник.