Норвешка вчера оствари историска победа на домашен терен во Осло и со неверојатни 11:1 ја победи селекцијата на Молдавија, триумф кој направи оваа скандинавска селекција да се приближи до самиот врв во една статистичка конкуренција.
Вчерашниот натпревар на кој доминираа Халанд и Асгард ја донесе втората највисока победа во едни европски квалификации за Светско првенство, а интересно е тоа што на оваа листа како второрангирана останува Македонија.
Нашиот најсилен национален тим во далечната 1996-та година оствари победа од нестварни 11:1 на гостување кај Лихтенштајн, па како резултат кој само третпат е постигна во едни квалификации, сега имаме три земји на делба на второто место.
Покрај Норвешка и Македонија, победа од 11:1 има остварено и Унгарија против Грција во 1938-ма година, а на третото место е Советскиот сојуз (Русија) која победила со 10:0 против Финска.
Највисоката победа се уште е онаа која ја има остварено Германија против Кипар во 1969-та година, натпревар кој завршил со резултат 12:0.