Дидие Дешамп направи мали промени во францускиот тим во изминатите неколку месеци, но едно од најпријатните изненадувања на последните квалификациски прозорци дефинитивно е Ману Коне.
Фудбалерот на Рома полека прераснува во клучен играч во системот на францускиот селектор и вчера повторно беше стартер против Исланд, а откако играчот за врска имаше нова борбена и пожртвувана партија во ситуација кога Чуамени заработи црвен картон, Дешамп не штедеше пофалби за Коне од прес-центарот.
Искусниот француски стручњак призна дека Коне полека станува составен дел од неговите почетни 11, но не пропушти да нагласи дека станува збор и за најпотценетиот играч во француската репрезентација.
– Ману Коне е потценет од јавноста и најпотценет во нашиот тим. Тој имаше многу добра сезона во својот клуб и од меч во меч, станува се поважен играч за нас.
– Тој е многу ефикасен при враќањето на топката во наш посед, но не е добар само во улога на деструктивец. Исто така прави разлика и кога ја имаме топката во наш посед, – објасни Дешамп.