Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?

Супермен

11/09/2025

11:38

1.302

Големина на фонт

а а а

Поранешен вработен во тимот на „Ред Бул“ во Формула 1, Калум Николас, открил интересни факти за работата како механичар во Формула 1.

Разговорот започнал по одложеното запирање во боксот на Ландо Норис на Големата награда во Италија и коментарите кои следеле на социјалните мрежи.

Николас не можел да не одолее, а да не одговори на тврдењата со кои се оспорува вредноста на работата на механичарите во Формула 1.

Особено го погодил еден коментар во којшто човек кој менува гуми е исмеан како некој којшто работи само „три секунди работа“, што предизвикало остра дебата.


Николас имал значајна улога во тимот на Ферстапен во текот на шампионатската сезона на Холанѓанецот, па знае за што говори. Како што вели, спомнатите коментари се „будалаштини и особено срамни“.

„Просечната плата е околу 60.000 фунти (околу 69.000 евра) годишно, а просечната работна недела трае околу 70 часа. Покрај тоа, летаат во економска класа и никој не добива дополнителни пари за тоа што е дел од пит-стоп тимот“, открил Николас.

Тој открил и дека членовите на пит-стоп тимот не работат само на запирање во боксот туку исто така ги поправаат автомобилите. Тоа е така поради тоа што тимот на тркачкиот викенд може да има само 60 оперативни членови, па многумина извршуваат различни задачи.

Николас го прашале и дали смета дека механичарите се малку платени. Пред хибридната ера, болидите биле многу поедноставни и за нивно склопување или поправка не било потребно многу време како денес.

„Мојата прва плата во Формула 1, кога имав 22 години беше 42.000 фунти (околу 48.000 евра). Тоа тогаш ми делуваше како добивка на лото, особено затоа што немав никакви обврски дома“, продолжил Николас.


„Тогаш сезоната имаше само 17 трки и немаше тркачки викенди по ред. Работното оптоварување со В8 моторите не можеше да се спореди со овие денес“.

Николас ја заврши кариерата на механичар во „Ред Бул“ пред сезона 2025. Пред неколку години воведено беше ограничување на буџетот кое влијаело на платите на вработените, но не значајно.

„Но, и без тоа ограничување механичарите не би заработувале 350.000 годишно. Доколку тоа некогаш се случи можеби ќе размислам за враќање назад“, се пошегувал Николас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk