Хајди Клум објави снимка од плажа на која јаде чипс, носејќи само минијатурен долен дел од бикини со зебраст дезен и сламена шапка.
Хајди Клум уште еднаш покажа дека нема намера да се потчини на правилата што општеството им ги наметнува на жените по педесеттата година. Славната манекенка објави снимка од одмор на која сосема опуштено ужива покрај морето без горниот дел од костимот за капење.
На себе носела само минијатурен долен дел од бикини со зебраст дезен и голема сламена шапка, со која го заштитила лицето од сонцето. Додека шетала низ тиркизната вода, во рацете го држела своето куче Фриц и неколкупати го подигнала над главата.
Покрај провокативната снимка напиша само еден збор – „Конечно“, не откривајќи каде го поминува одморот ниту кој ѝ прави друштво.

За Хајди ова не е првпат на социјалните мрежи да позира без горниот дел од бикинито. Поранешниот ангел на „Victoria's Secret“ повеќепати зборуваше дека во своето тело се чувствува целосно слободно и дека годините нема да одредуваат што смее да облече или да покаже.
Манекенката, која на 1 јуни го прослави својот 53-ти роденден, претходно објасни дека се фотографира гола уште од почетокот на деведесеттите години, многу пред појавата на Инстаграм. Поради тоа, ваквите објави не ги доживува како нешто ново ниту особено провокативно.

Таа истакна и дека не сака да учествува во посрамување на жените поради нивната возраст или изглед, како и дека секој треба да го прави она во што се чувствува добро.
Хајди смета дека една од најголемите заблуди е дека жената по педесеттата година повеќе не треба да биде заводлива, забележлива или задоволна од своето тело. Токму затоа своите фотографии и снимки ги гледа и како начин да покаже дека самодовербата нема рок на траење.

Познатата Германка никогаш не криела дека сака да се сонча без горниот дел од костимот за капење за на телото да не ѝ остануваат траги од бикинито. Таквиот однос кон голотијата го поврзува со растењето во отворено семејство и честите посети на нудистички плажи.






