[ВИДЕО] Калум Тарнер откри дека се радува на иднината со Дуа Липа: „Сакам да останеме заедно засекогаш“

Точка

12/09/2025

18:34

860

Големина на фонт

а а а

Калум Тарнер ги открил своите идни планови со свршеницата Дуа Липа. Имено, тој изјавил за „Еталк“ (Etalk) дека „се надева дека ќе остане со Липа засекогаш“.

По тоа, новинарката реплицирала: „Тоа е сè што треба да знаете“, на што Тарнер додал: „Точно“.


Гласините за нивната врска започнаа во јануари 2024 година, додека шпекулациите за свршувачка започнаа во декември истата година кога пејачката сподели фотографии на кои носи дијамантски прстен.

Сепак, Липа ја потврди веста за свршувачката за британскиот „Вог“ дури во јуни.

„Да, свршени сме. Оваа одлука да остариме заедно и да бидеме заедно засекогаш, тоа е навистина посебно чувство“, изјавила Липа претходно.

Липа за „Harper’s Bazaar“  говорела за нејзиното искуство со заљубувањето.


„Ја сакам љубовта, таа е прекрасна и инспиративна работа. Поминав многу време заштитувајќи го моето срце, па се ослободувам од тоа чувство. Станав свесна дека морам да си дозволам да сакам“, рекла таа.

Таа истакнала дека постои причина зошто има тенденција да го чува својот љубовен живот во тајност.

„Посреќна сум од кога било, па чувствувам дека си правам услуга што не зборувам за тоа. Кога си јавна личност, сè лично е многу ранливо. Не е дека не сакам да го споделам“, признала.


Извор близок до двојката изјавиl за „Пипл“ дека уживаат во својата свршувачка и дека не брзаат да се венчаат.

„Дуа ужива со Калум, тие ја планираат најубавата заедничка иднина. Неодамна се свршија и сè уште се во „празничен“ дух. Сè уште не го започнале процесот на планирање на свадбата“, открил изворот.